×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Равојот на синџирот на добавувачи во млечниот сектор во Пелагонискиот Регион

Проектната иницијатива овозможи соработка помеѓу релевантните чинители во синџирот на добавувачи во млечниот сектор во Пелагонискиот Регион, преку подобрување на продуктивноста на фармерите и зајакнување на соработката помеѓу нив.

Проектните активности се насочени кон модернизација на сточарското производство и имплементација на добри практики кои директно влијаат на подобрување на квалитетот и квантитетот на производтсвото на млеко, и зголемување на приходот на млечните фарми.

Со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и биниз ентитетите во млечната индустрија, беше набавена опрема – миксер за храна (TMR), ролобалирачка и бокс за третман на папци кај преживари, коај беше доделена на користење на неколку мали и средни фарми на територијата на општина Кривогаштани и општина Крушево.

За период од една година беа забележани значајни резултати на пилот-фармите со што се евидентира и позитивното влијание на иницијативата на млечниот сектор во Пелагонискиот Регион.

Постигнати резултати:

  • Воспоставен модел за соработка помеѓу фармери
  • Партнерство со компании
  • Набавка на опрема
  • Подобрени практики на фарма
  • Зголемен квалитет и количина на сурово млеко на пилот-фармите
  • Подобрена благосостојба на животните на млечни фарми
  • Обучени 30 лица за третман на папци кај млечни говеда

Во рамките на проектот беше организирана посета на фарма каде претставници на канцеларијата на УСАИД во Македонија – г-н Дејвид Атебери,  претставници од УСАИД, претставници од локални самоуправи, здруженија и др. се информираа за достигнувањата од проектната иницијатива за развој на сонџирот на добавувачи во млечниот сектор во Пелагонискиот Регион на ЛАГ АГРО ЛИДЕР.