×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Дебата "Превенција на родово базирано насилство преку родово одговорно буџетирање"

Во рамки на проектот "Низ женски леќи" спроведуван од  Центар за истражувања и политки и проектниот партнер Новинари за човекови права со поддршка на Европската Унија, во чии рамки ЛАГ АГРО ЛИДЕР е подгранист со цел подршка на кампањата 16 дена активизам против родово-базирано насилство во просториите на општина Кривогаптани се одржа јавна дебата на тема "Превенција на родово базирано насилство преку родово одговорно буџетирање."

Преставници на Комисијата за еднакви можности на општина Кривогаштани, граѓански организации и жители на општина Кривогаштани ги споделија своите искуства и ставови за елиминирање на сите форми на родово базирано насилство, а воедно беше промовирано значењето од интегрирањето на родовата перспектива во локалните политики, со посебен фокус на значењето на програмата за еднакви можности.

Дополнително, Љупка Трајановска претставник на Центарот за истражување и политики која има значајно искуство во областа на врсничко насилство одржа работилница со деветто одделенците од основното училиште "Манчу Матак" во Кривогаштани на тема "Родово базирано и врсничко насилство во училиште".