×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Транснационален состанок во Романија во рамките на проектот “Иницијатива за младинско вработување” (YEI)

Претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР на 5ти и 6ти Септември 2021 година во Бистрица, Романија одржаа состанок со претсавници на Ацоцијација InCo Молфета, Италија и Асоцијацијата Tineri pentru Comunitate Бистрица, на кој беа дискутирани активностите и идните планови во рамките на проектот “Иницијатива за младинско вработување”. На состанокот тимот заедно дискутираше и ги дефинира активностите кои ќе следат и заедно работат кон намалување на бројот на невработени млади лица преку обезбедување на услуги за поддржано вработување. Факт е дека младинската невработеност е еден од најголемите социо-економски проблеми со кои се соочуват голем број земји во светот. Нашата држава, но и земјите на партнерските организации од Италија и Романија, се соочуваат со висок процент на невработеност кој е проследен со нееднаквост и социјална исклученост, особено кај младата популација, а долгите периоди на невработеност влијаат врз можностите младите да обезбедат работно место со можност за кариера и пристојна плата. Ова ги поттикна организациите да ја креираат програмата за поддршка на вработување на млади која ќе биде насочена кон детектирање на личните компетенции на младите лица кои ќе бидат вклучени во програмата, проследено со детектирање на префернците на работотдавачите во поглед на вработувањето на младите и поврзувањето на младите со потенцијални работодавачи. Со поддршка на Еразмус+ програмата и Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност, во наредниот период ќе започне пилотирање на програмата во заедниците на партнер оранизациите,а следењето на истата ќе овозможи идентификување на добрите практики и можности за вработување и достигнување на поголема вработливост во земјите учеснички на проектот.