×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

“Со поетски зборови СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ” ЛАГ АГРО ЛИДЕР и општина Градско

“Со поетски зборови  СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ” ЛАГ АГРО ЛИДЕР и општина Градско  го одбележаа 25ти ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата

Со настанот “Со поетски зборови  СТОП ЗА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ” во Домот на културата во Градко,  ЛАГ АГРО ЛИДЕР  во соработка со општина Градско го одбележа 25ти ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата и се придружија на глобалното движење 16 дена активизам против родово базирано насилство врз жените и девојчињата под овогодинешната тема “ОБЕДИНЕТЕ СЕ”.

Со поетски зборови за стоп на насилството врз жените е иницијатива која ја започнале група поети и ентузијасти во Хрватска кои преку моќта на пишаниот збор ја изразуваат својата поддршка за елиминирање на насилството врз жените и девојчињата, и алармираат дека насилството врз жените и девојчињата е кршење на човековите права кое е најмалку препознаено на глобално ниво иако во светски рамки секоја трета жена/девојка е жртва на насилство. Оваа иницијатива се повеќе се проширува низ села, градови и држави, а од оваа година дел од оваа иницијатива се ЛАГ АГРО ЛИДЕР и општина Градско. Со читање на делата на жени авторки го креваме гласот против проблемите со кои секојдневно како жени се соочуваме, и алармираме за ИТНА елиминација на сите форми на насилство врз жените и девојките и заштита и унапредување на нивните права.

Над 80 жени од општина Градско со своето присуство на овој  настан застанаа зад глобалната порака – ОБЕДИНЕТИ ЗА СТОП НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ. И не само денес, туку секој ден секој од нас да даде придонес за елиминирање на насилството врз жените и девојките.