×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Меѓународен ден на жените од руралните средини

Почитувани,

По повод одбележување на 15ти Октомври - Меѓународниот ден на жената од руралната средина, Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР во партнерство со Мрежата на ЛАГОВИ и Мрежата на локални акциони групи на Република Србија на 15ти Октомври со почеток во 10 часот Ве покануваат на онлајн настан “Рурална жена – предизвици,права и можности”, за заедно да дадеме придонес за подобрување на состојбата на руралните жени во нашето општество.

На настанот ќе бидат презентирани предизвиците со кои се соочуваат жените од руралните средини во Република Северна Македонија и Република Србија, а ќе бидат промовирани можностите кои ги нуди ЕУ ЛИДЕР пристапот за активно вклучување на жените од руралните средини во процесите на крерање на политики кои овозможуваат родова еднаквост, социјална правда, економска независност и лидерство на жените од руралните средини.

Настанот може да го проследите на следниот линк

https://us02web.zoom.us/j/87190055568
Meeting ID: 871 9005 5568

Ќе ни биде чест доколку со Вашето присуство дадете придонес за подобрување на статусот на руралните жени во нашето општество