×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Европско движење на експерти за ран детски развој (EECEME)

Локалната Акциона Група ЛАГ АГРО ЛИДЕР е дел од проектот "Европско движење на експерти за ран детски развој (EECEME)", поддржан од Европската Комисија, Еразмус+  Поддршка за стратешки партнерства од областа на спортот.

ЛАГ Агро Лидер во партнерство со CSI -Италија, КSB Рајн-Ерфт-Крајс, Германија, SCF- Италија, IASIS-Грција, SSF - Шпанија, BEST- Австрија,  организации со докажано искуство кои активно работат во областа на спорт и детски развој ќе работат на развој на добри практики кои ќе бидат презентирани и имплементирани во институциите/организациите за ран детски развој на локално, национално и европско ниво.

Преку вклучување на децата (0-6години) во физички активности креирани да овозможат физичка активност и социјални вредности  ќе се осигура дека активниот и здрав начин на живот е интегриран во животот на малите деца.

Цел на проектот - Креирање на ЕВРОПСКА ПРОГРАМА ЗА ОБУКА за различни видови професионалци кои работат во институции/организации за ран детски развој и образование за мали деца.

 

Имплементацијата на проектот ќе овозможи достигнување на посакуваните резултати, преку

- Истражување
- Развој на материјали за обука на едукатори за деца за зајакнување на нивните професионални компетенции во областа на спортот
- Спроведување на меѓународни и локални обуки
- Евалуација на влијанието на програмите за обука
- Водич на добри практики

Проектот ќе овозможи транс-национална и културна соработка низ комуникација и интернационални состаноци со фокус на анализа и селекција на најдобрите практики од областа на спортот и раниот детски развој, проследени со обуки и креирање на Водич на добри практики за едукатори кои работат во областа на ран детски развој.

Со имплементација на идентификуваните добри практики ќе се придонесе кон подобрување на моторната активност на децата на возраст од 0-6 години, и ќе се подобрат знаењето и вештините на едукаторите кои работат со нив.