×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Празникот Св. Никола Чудотворец одбележан во Домот за стари лица во Прилеп

Денес, ЛАГ АГРО ЛИДЕР беше дел од одбележувањето на празникот Св.Никола Чудотворец во Домот за стари лица – Прилеп. Со традиционална празнична трпеза збогатена со детски рецитации во чест на празникот, во соработка со раководството и персоналот на Домот на стари лица – Прилеп го прославивме овој голем празник заедно со штитениците на домот.

Овој празник за нас симболизира заедништво, добрина и праведност, и не потсетува на животот на Свети Никола – Чудотворец кој неуморно градел подобар свет за сите. Затоа, преку интергенерациска дружба и заедничка прослава придонесовме да им го разубавиме денот на оние кои со својот животен ангажман придонесоа и сеуште на свој начин придонесуваат за развојот на нашата заедница.

Partners