×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Одржан третиот транснационален состанок во рамките на проектот “Европско движење на експерти за ран детски развој”

На 23ти и 24ти Мај 2022 година во Вимеркате, Италија се одржа третиот транснационален состанок во рамките на проектот “Европско движење на експерти за ран детски развој” – EECEME.

Домаќин на состанокот е италијанската организација Scuola Centrale Formazione во соработка со детската градинка ECFoP Vimercate Scuola Polo Infanzia San Giuseppe. Детската градинка е оригинална по својата програма насочена кон пресликување на надворешната убавини и ресурси во просторот на градинката, како и активностите кои обезбедуваат секое дете да има еднаков пристап и можност за развој низ игра и учење.

Активности во рамките на EECEME проектот се насочени кон споделување на добри практики за активности за деца во претшколска возраст кои ги зајакнуваат когнитивните, социјалните и моторичките вештини кај децата и им помагаат во градењето на здрав животен стил.

На состанокот беа презентирани добри практики од активности за развој на моторички, когнитивни и социјални вепштини кај деца во претшколска возраст од секоја партнер органзација, и беа идентификувани клучните теми за претстојната интернационална обука за едукатори и спортски тренери во претшколска возраст која ќе се одржи онлајн во периодот  од 8 до 14 јуни 2022 година.

 

Проектот го спроведува конзорциум од 7 организации Centro Sportivo Italiano, Италија; Scuola Formayione Centrale, Италија; KSB Rhein-Erft-Kreis, Германија; IASIS,Грција; Solidaridad sin fronteras,Шпанија; BEST, Austria и ЛАГ АГРО ЛИДЕР со поддршка на Еразмус+ Програмата на Европската Унија.

Повеќе информации може да најдете на http://eeceme-project.eu/