×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР на младинска размена во Романија

Млади претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР од 29 септември до 6ти Октомври 2022 година беа дел од младинската размена “Стари занимања, нови времиња” која се одржа во Романија, а беше организирана со поддршка на Еразмус+Програмата.

Програмата на младинската размена беше насочена да ги промовира старите занимања, да им помогне на младите учесници да ​​развијат дигитални вештини со цел да се зголемат нивните шанси за вработување и да се подготват за промените во денешниот свет, како и да ги опреми учесниците со претприемачки вештини преку стимулирање на нивната креативност за промовирање и/или зајакнување на вредноста на традиционалните занимања со помош на технологијата.

20 претставници од четири партнер организации – Здружение Млади за заедницата Бистрица,Романија; Здружение ИнКо Молфета, Италија;  Здружение Екосвет Родопи  и ЛАГ АГРО ЛИДЕР, Македонија имаа можност да посетат мали бизниси во руралните средини во Романија кои и денес ги  одржуваат во живот старите традиционални работни места и се промотори на националниот идентитет и наследство на земјата, да се запознаат со значењето на традиционалните занимања и да ги идентификуваат можностите овие занимања да се атрактивни и одржливи во ова модерно време.
 

https://infokompas.com.mk/2022/10/10/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BB%D0%B0%D0%B3-%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%BE-%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%80-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4/