×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Конференција "Со еднакви можности до одржливи заедници"

Во пресрет на Меѓународниот ден на руралната жена - 15-ти октомври, ЛАГ АГРО ЛИДЕР организираше Конференција „Еднакви можности за одржливи заедници“.

Повеќе од 60 претставници на национални институции, академски институции, деловни субјекти, граѓански здруженија, жители од руралните средини, со своето присуство на настанот дадоа своја поддршка во светската кампања - 17 дена активизам за зајакнување на руралната жена во кое Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР преку низа активности поддржани од Фондација Отворено општетсво - Македонија го крена својот глас за зајакнување на руралните жени и нивните заедници на локално, национално и глобално ниво.

На настанот учесниците дискутираа, споделуваа знаења, се вмрежуваа и се поддржуваа едни со други низ објективот на предизвиците со кои се соочуваат руралните жени. Целта на конференцијата беше да се нагласи важноста на родовата еднаквост и пристапот до права и заштита за руралните жени, како и да се истражат ефективните методи за признавање на нивниот труд и создавање на средина на еднакви можности и родова еднаквост.

 

Клучните приоритети за поддршка на руралните жени беа презентирани од следниве говорници
Маг. Харалд Фугер - Федерално Министерство за социјални работи, труд, здравство и заштита на потрошувачи на Република Австрија
Д-р Ивона Шушак - Правен факултет, Универзитет „Св Климент Охридски“ Битола
Проф. Благица Сековска - Катедра за рурална економија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
Г-ѓа Снежана Каратошеска - Новинар
Г-дин Борче Петковски - Претставник на Агенцијата за поддршка на развој на земјоделството

Претставници на ЛАГ АГРО ЛИДЕР го споделија своето искуство и перспектива како невладина организација која активно работи на социјално и економски јакнење на руралните жени, за постигнување на родова еднаквост, намалување на трудоинтензивните активности на руралните жени и зајакнување на нивните глас и нивното учество во процесите на креирање политики и носење одлуки  што имаат директно влијание на нивните животи.

Некои од клучните приоритети за руралните жени кои се активно вклучени во земјоделскиот сектор  е правото на платено породилно отсуство за жени земјоделци, пристапот до земја, пристапот до социјални услуги, како и  нивното активно учество во процесите на креирање политики кои соодејствуваат со нивните реални потреби. 

На конференцијата беше промовирана он-лајн платформата Домашно.мк како алатка за инклузивна, дигитална земјоделска трансформација која ќе даде значаен придонес за подобрување на егзистенцијата на жените-земјоделки, и жените во руралните области во нашата држава. Овој пристап ќе овозможи зајакнување на дигиталните вештини на жените, а преку дигитализацијата ќе се овозможи поголем ангажман во земјоделството,, создавање на можности за вработување во синџирот на добавувачи, и развој на просперитетни бизниси во руралните средини.

Руралните жени се хероини, а она што им е потребно е инспирација и поддршка, а институциите и невладините организации треба континуирано да работат на намалување на родовата нееднаквост во руралните области, и овозможување на пристап на жените до ресурси, менторски програми, услуги, технологии и финансиски можности, зошто само со инвестирање во социјално и економско јакнење на жените во руралните средини ќе создадеме одржливи заедници.