×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

Подобрување на продуктивноста и пазарниот успех на македонските фармери

Позадина на проектот

Руралниот развој е национална потреба на Македонија затоа што земјоделскиот сектор генерира/создава, нови можности за вработување како во урбаните така и во периферните области. Некои од клучните предизвици со кои се соочуваат фармерите во пелагонискиот регион се

а) Недостаток на човечки капитал кој би ги советувал фармерите како да ги подобрат земјоделските практики и да дадат поддршка за спроведување на добри практики;

б) недостаток на комуникација и соработка помеѓу фармерите, јавните институции, образовни центри, други компании и заинтересирани лица во секторот, и

(в)ограничен пристап до информации за достапни финансиски средства/грантови програми за агробизнисот.

Работејќи на тоа да се надминат овие предизвици, ЛАГ АГРО ЛИДЕР започна да развива нови квалитетни услуги кои се фокусирани на поддржување на функционално репозиционирање на земјоделството во Македонија.

Цел е да се редефинираат улогите на фармите со креирање на нови производни можности и поттикнување на мултифункционални активности.

Активности

  • Развој на 4 нови советодавни услуги во земјоделството, пристап до финансиски и бизнис менаџмент, обука од областа на ветеринарната медицина, и воспоставување за модел за соработка на фарми;
  • Развој на интегрирана ветеринарна програма;
  • Имплементација на Ovsynch-протокол на млечните фарми;
  • Подготовка на нутритивни протоколи за млечните фарми:
  • Пристап до финансиски обуки во земјоделскиот сектор.
  • Застапување и лобирање за поддршка на руралениот развој.
  • Промоција на начини за делење на трошоци меѓу фармерите
  • Подобрување на протокот на информации меѓу фармерите, граѓанските организации и јавниот сектор.

 

Очекувани резултати

  • Развој на 4 нови одржливи улуги за микро, мали и средни претпријатија
  • Подобрени практики на млечни фарми
  • Зголемено членство во ЛАГ-от за 100% во текот на 14 месеци
  • Зголемување на капацитетот на ЛАГ Агро Лидер (3 нови работни места)
  • Зголемување на годишниот приход на членови на организацијата за 80%
  • Зголемување на приходот генериран од советодавните услуги