×

Error message

Deprecated function: Unparenthesized `a ? b : c ? d : e` is deprecated. Use either `(a ? b : c) ? d : e` or `a ? b : (c ? d : e)` in include_once() (line 1389 of /home/fingermk/public_html/lagagrolider.mk/includes/bootstrap.inc).

"Еднаквост и социјална правда" - во пресрет на Светскиот ден на социјалната правда

Во пресрет на одбележувањето на Светскиот ден на социјалната правда - 20ти Февруари, ЛАГ АГРО ЛИДЕР денес во Прилеп одржа настан "Еднаквост и социјална правда".

Овој ден е повод за да се охрабрат луѓето да погледнат како социјалната правда влијае на искоренувањето на сиромаштијата, додека истовремено се фокусира на целите за постигнување на вработување и поддршка за социјална интеграција, преку едукација на јавноста и мобилизирање на политичка волја и ресурси за решавање на националните и глобалните проблеми за превенција и намалување на сиромаштијата преку почитување на човековите права.

На настанот свое обраќање имаше г-н Кире Миловски од Фондација отворено општество чија поддршка за граѓанските организации овозможува активно граѓанско учество за градење на поправедно и вистинско хумано општество.

Аташето на Австриското Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи - г-н Харалд Фугер го презентираше Европскиот социјален модел како концепт кој опфаќа комбинација на социјални, економски и политики за вработување кои имаат за цел социјална кохезија. Европскиот социјален модел е визија на општеството што комбинира одржлив економски раст со постојано подобрување на условите за живеење и работа, што подразбира вработување, квалитетни работни места, еднакви можности, социјална заштита за сите, социјална инклузија, и вклучување на граѓаните во одлучувањето.

За социјалните реформи согласно националното законодавство кои се насочени кон искоренување на сиромаштијата, промовирање на еднаквост и поддршка за деца, млади и стари лица говореше г-н Дејан Тошески, Директор на ЈУМЦСР Прилеп.

 

Професорката Благица Сековска ги потенцираше предизвиците на неформалните работници, со посебен фокус на жените ор руралните средини, потенцирајќи ја потребата за да се воспостават патокази за да се интегрираат неформалните работници во формалните економии, со цел да се користат придобивките од целосното учество на жените во работната сила и пошироко, и да се намалат нееднаквостите.

Социјалната правда е глобален концепт, зошто сите земји се соочуваат со слични предизвици, а особено балканските земји, а различни се политиките за промовирање на социјалната правда. г-ѓа Jagoda Kočić, претставник на Мрежата на Локални Акциони Групи на Република Србија ги сподели националните реформи во Република Србија од аспект на целите за достигнување на социјална правда. Од месец Февруари 2022 година во Србија стапи на сила Закон за социјално претприемништво што е голем исчекор за социо-економски развој на национално ниво. Локалните Акциони Групи во Србија добиваат се поголема поддршка од локалните власти и стануваат се поактивен двигател за подобрување на квалитетот на живот во руралните заедници.

Марина Тошеска од ЛАГ АГРО ЛИДЕР сподели податоци за сиромаштијата во нашата држава, се поголемиот "јаз" помеѓу урбаните и руралните заедници во поглед на пристап до основни права и ресурси, нееднаквостите и општествената маргинализираност, насочувајќи се особено кон положбата и предизвиците на руралните жени (жените - земјоделки) и младите од руралните средини. ЛАГ АГРО ЛИДЕР со поддршка на донатори спроведува иницијативи за борба против нееднаквоста, дискриминацијата и невработеноста преку поддршка на жени и млади (Домашно.мк; услуги за поддршка за вработување до млади; и др), но сепак неопходни се конзистентни социјални политики кои ќе ги исполнат суштинските цели на социјалната правда како пристапот до ресурси, рамноправноста, учеството и почитувањето на човековите права.

Цел на овој настан е промовирање на концептот на социјална правда преку актуелизирање на потребата за суштинска борба против сиромаштијата, нееднаквоста, невработеноста и општествената маргинализираност потенцирајќи дека достоинството на сеκој гρаѓанин и потρагата по општото добρо на сите се темелните пρинципи κон социјалната пρавда во една социјална дρжава, е неопходност е да се промовира социјалната правда преку создавање на еднакви права и можности за сите нас.

КОЛКУ КАЈ НА ПОСТОИ СОЦИЈАЛНА ПРАВДА? ДАЛИ НИЕ СИТЕ ИМАМЕ ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА ЖИВОТ И НАПРЕДОК ВО НАШЕТО ОПШТЕСТВО? ШТО НИЕ ПРАВИМЕ ЗА ДРУГИТЕ?

Нека овие прашања ни бидат охрабрување за сите нас да активно учествуваме за остварувањето на принципите на социјална правда во нашето општество