ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА МЕНТОРИ

1. Општи информации

Локалната акциска група ЛАГ Агро Лидер објавува јавен повик за ангажирање на двајца ментори кои ќе обезбедат стручна поддршка на млади лица од руралните општини Долнени и Крушево во процесот на развој и тестирање на младински еко-социјални бизнис иницијативи, во рамки на проект „Младински зелени социјални претпријатија – нова енергија за руралниот развој“ насочен кон јакнење на економските можности на младите од руралните средини и развој на еко-социјални претпријатија во општините Долнени и Крушево, финансиран од Европската Унија преку проектот ‘RAISE CSOs - Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија’ имплементиран од страна на Младински Сојуз – Крушево во соработка со НОВУС и Паблик, со поддршката на ЕУ за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, ИПА програма за граѓанско општество 2022-2023.

Проектот има за цел да воспостави основи за младински социјални претпријатија за заштита на животна средина, кое ќе обезбеди економска одржливост и можности за вработување, да придонесе до заштита на животна средина, управување со органскиот отпад во руралните средини, компостирање како потенцијален социјален бизнис, како и социо-економска интеграција на младите во пазарот на труд; Да се создаде младинска земјоделска задруга како инкубатор за зелени идеи за заштита на животна средина и одржливи рурални заедници, примена на нови методи во земјоделството и еко-бизнисите; Градење на капацитети и подигање на свеста кај младите од руралните средини за социјално претприемништво, циркуларна економија и заштита на животна средина, особено на ранливи категории како жени, NEETs и долгорочно невработени лица, преку развој на социјално претприемништво.

2. Цел на ангажманот

По завршување на обуките, ќе се формираат 5 младински тимови кои во период од 2 месеци ќе развиваат конкретни бизнис идеи во областа на:

  • Социјално претприемништво
  • Циркуларна економија
  • Управување со органски отпад и компостирање
  • Одржливо земјоделство
  • Еко-иновации и зелени услуги

Менторите ќе имаат клучна улога во трансформирање на младинските идеи во функционални и одржливи бизнис модели.

3. Опис на задачите

Избраните ментори ќе обезбедат:

  • Стручна поддршка при изработка на Бизнис Канвас модели
  • Насоки за развој на финансиски и оперативен план
  • Поддршка во тестирање на идеите преку мини-проекти
  • Подготовка на тимовите за јавна презентација
  • Советување за пазарна одржливост и можни партнерства
  • Учество на јавни настани и „Отворени денови за социјално претприемништво“

Ангажманот ќе трае 2 месеци, со планирани редовни средби (онлајн и/или во живо).

4. Целна група на обуката

Обуката е наменета за:

  • млади лица од руралните средини (15–29 години);
  • NEETs;
  • жени од рурални средини;
  • долгорочно невработени млади лица.

Очекуван број на директни учесници: минимум 10 лица

5. Потребни квалификации и искуство

Се повикуваат експерти и практичари со искуство во:

  • Социјално претприемништво и стартап развој
  • Развој на мали и микро бизниси
  • Финансиско планирање
  • Циркуларна економија и управување со отпад
  • Одржливо земјоделство и зелени технологии
  • Локален економски развој

Предност ќе имаат кандидати со искуство во работа со млади, особено од рурални средини и NEET групи.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование (право, економија, агроекономија, претприемништво, или друга сродна општествена област).
    Минимум 3 години релевантно професионално искуство во:
  • Развој на бизнис модели или стартапи
  • Социјално претприемништво
  • Финансиско планирање и управување
  • Циркуларна економија или управување со отпад
  • Одржливо земјоделство или зелени иновации
  • Искуство во менторирање, обука или советување на млади, стартапи или мали бизниси ќе се смета за предност
  • Одлични комуникациски и фасилитаторски вештини
  • Способност за работа со млади од рурални средини
  • Аналитичко размислување и ориентираност кон резултати
  • Тимска работа и менторски пристап

Достапност

  • Подготвеност за ангажман во период од 2 месеци
  • Учество на редовни средби (онлајн и/или теренски во Долнени и Крушево)
  • Подготвеност за учество на јавни презентации и отворени денови

6. Времетраење и локација

  • Времетраење на ангажманот: краткорочен ангажман (период од 2 месеци);
  • Локација: онлајн и/или теренски во Долнени и Крушево

7. Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратка биографија (CV);
  • Мотивациско писмо со опис на релевантно искуство;

Само целосни апликации ќе бидат разгледани.

8. Критериуми за избор

Изборот ќе се врши врз основа на:

  • релевантно искуство и експертиза;
  • искуство во работа со млади и рурални заедници;

9. Рок и начин на доставување на понуди          

Понудите треба да се достават електронски на:

Е- пошта: lagagrolider@gmail.com

Со назнака: Ментори за развој на младински еко-социјални иницијативи “

или

Во просториите на ЛАГ Агро Лидер, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот

Краен рок за поднесување: 10.03.2026

Апликации поднесени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

10. Напомена

ЛАГ Агро Лидер го задржува правото:

  • да побара дополнителна документација или појаснување
  • да организира интервју со подносителите,
  • да не избере ниту еден понудувач доколку не ги исполнува критериумите,
  • да го поништи повикот поради административни или проектни причини