Настан "Социјална правда и економско јакнење на жените во руралните средини"

ЛАГ АГРО ЛИДЕР во соработка со ЕЛС Општина Долнени денес одржа настан "Социјална правда и економско јакнење на жените во руралните средини".

Рамноправностa е една од темелните вредности на нашата држава која се фокусира на целосно признавање и промовирање на еднаквите можности на жените и мажите, како неизоставен предуслов за одржлив развој, уживање на човековите права и практикување на демократските вредности.

Политиката на родова еднаквост како концепт во кој мажите и жените имаат еднакви можности за остварување и еднакво учество во сите сегменти на својот живот - личен, професионален, приватен, духовен, културен, социјален, политички, економски рефлектира недостатоци кои особено се забележуваат кај жените во руралните средини.

Присутните ги поздрави Градоначалникот на општина Долнени - г-н Урим Ибески, посочи дека Општина Долнени е препознатлива по својата мултиетничност, традиција и култура, придонес во земјоделскиот сектор и заедничката соработка на сите засегнати страни со една заедничка цел – поквалитетен живот на сите жители на општина Долнени. Денешниот настан е најава за креирањето  на локални политики согласно реалните потребитна жителите на нашата општина, вклучувајќи го родовиот аспект и поддршката за жените.

г-н Харалд Фугер - Аташе на Австриското Федерално министерство за социјални политики, здравство,грижа и заштита на потрошувачи  го промовираше концептот на социјална правда, посочувајчи дека сеуште постојат многу предизвици за жените во руралните средини, но воедно постои огромен потенцијал, капацитет и можности да се подобри нивната положба. Економскоот зајакнување е значаен елемент за да се реализира огромниот потенцијал на жените во руралните средини.

 

г-ѓа Снежана Јованоска- претставник од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа - Прилеп сподели информации за пристапот од права од социјална заштита и детска заштита, воведувањето на социјални услуги и достигнувањата направени во прмовирање на родовата еднаквост.

Марина Тошеска од ЛАГ АГРО ЛИДЕР информираше за иницијативите на ЛАГ АГРО ЛИДЕР насочени кон подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, со посебен фокус на жените.   Активностите на ЛАГ АГРО ЛИДЕР поддржани од Фондација Отворено општество - Македонија се фокусирани да обезбедат непречен пристап до права и можности за жените во руралните заедници истовремено давајќи придонес за поквалитетен живот на жителите на руралните заедници.

Општина Долнени во соработка со ЛАГ АГРО ЛИДЕР се залага и ќе се залага за остварување на принципот на еднакви можности и обезбедување на поддршка за социо-економско јакнење на жените.

Денешниот настан е чекор кон подигање на свеста за улогата на жените за зачувување на традицијата, културата и достигнување на одржлив развој на заедницата.

Огромна благодарност до жените кои ни приготвија традиционална храна доближувајќи ја до нас традицијата, мултиетничноста и убавината на општина Долнени.