Признание за ЛАГ АГРО ЛИДЕР за посебни заслуги и придонес во развојот и афирмацијата на општина Градско

Општина Градско на 16ти Декември го одбележа денот на општината со саем на локални производи и свечена седница на која беше презентиран развојот на општината, и беа доделени награди и признанија за институции, организации и личности кои дале забележителен придонес во равој и афримација на општината.
Оваа година, Благодарница за посебни заслуги и придонес во развојот и афирмацијата на општина Градско доби ЛАГ АГРО ЛИДЕР за иницијативите предводени од Марина Тошеска.
Оваа награда е од особено значење за нас како организација, зошто доаќа од заедницата за иницијативите кои ние ги предводиме во заедницата за подобрување на квалитетот на живот.
Да продолжиме да соработуваме и да бележиме заеднички успеси во иднина