Средба на локалните граѓански организации и медиумите
ЛАГ АГРО ЛИДЕР денес одржа средба со локалните граѓански организации и локалните медиуми со цел зајакнување на соработката, а воедно и идентификување на можностите за заеднички придонес за развој на локалната заедница.
На средбата беа дискутирани предизвиците со кои се соочуваат ГО и медиумите, идентификуваните проблеми од граѓаните, потребата од размена на знаење, како и потребата од заеднички иницијативи фокусирани на локалната заедница.
Успешна соработка помеѓу различните фактори во локалните заедници е клуч за достигнување одржлив развој преку промовирање на демократски вредности, и затоа поврзувањето и вклучувањето на сите чинители е неопходност за успешен демократски напредок и социо-економски развој на локалните заедници.