Промоција на резултаите во рамките на проектот "Пилот проект за воспоставување на услуги за достава на (органска) храна"
Денес ја имавме честа на промоцијата на достигнатите резултати во рамките на "Пилот проект за воспоставување на услуги за достава на храна" кој го имлементираме во соработка со Австриската организација BIENE, со поддршка на Федералното Австриско Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи со своето присуство да не удостојат Амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија - Dr.Georg Woutsas, Аташето на Федералното Австриско Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи во нашата држава - г-н Харалд Фугер, Извршниот Директор на ЕВН Македонија -Mr. Peter Stefan, претставници на општина Прилеп и претставници на ЕВН.
Проектните активности спроведени од ЛАГ АГРО ЛИДЕР се фокусирани на подобрување на конкурентноста на пазарот на труд за невработени млади лица преку коучинг програма и практиканство од една страна, а од друга страна кон подобрување на квалитетот на живот на постарите лица.
Благодарност до ЕВН Македонија за соработката и значајниот придонес за подобрување на условите за престој на штитениците на ЈОУ Дом за стари лица во Прилеп преку воведување на енергетско ефикасно осветлување согласно енергетско ефикасни мерки кои треба да се применат во установи од ваков тип.
Обединувајќи ги јавниот, приватниот и невладиниот сектор во заедничка иницијатива насочена кон подобрување на квалитетот на живот на постарите лица, создавање на можности за младите лица, како и заштита на животната средина, преку овој проект покажавме дека заедно може да направиме значајни промени за добробит на заедницата.